Флик пристигна во Барселона – „уловен“ на вечера со Лапорта, следува потпис

Бројни медиуми во Шпанија веќе неколку дена пренесуваат дека Ханси Флик ќе биде новиот стратег на Барселона по заминувањето на Чави Ернандез.

Имено, се очекува деновиве информацијата за Флик да биде и официјално потврдена од клубот од Барселона.

Флик синоќа долетал на аеродромот во Барселона и набрзо го приметиле во друштво на Жоан Лапорта во еден од локалните ресторани.

Германскиот тренер ги финиширал и последните преговори и детали околу договорот, па сега следува официјализирање на соработка до 2026 година.

Инаку Чави Ернандез, кој заминува од Барселона, решил да не ги побара 12-те милиони евра кои клубот му ги должи поради отказот, па со тоа уште еднаш покажа љубов кон овој фудбалски клуб во кој ја помина скоро цела своја кариера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО