Финале во Лига на конференции: Фиорентина фаворит на хартија, Олимпијакос има друга предност

Екипите на Олимпијакос и Фиорентина вечерва од 21 часот на „ОПАП Арена“, ќе се соочат во финалето од Лигата на конференции.

Повеќе од јасно е дека Олимпијакос кој практично ќе биде домаќин, ќе има фанатична поддршка од трибини и ќе бидат со 12-ти играч на овој натпревар.

Иако улогата на „благ фаворит“ и е предодредена на Фиорентина, сепак домашен терен е домашен терен и многу работи може да бидат поинакви од реалноста. Фиорентина се надева дека ќе биде поуспешна од претходната сезона во Прага, кога загуби.

Фиорентина пет пати има играно европски финалиња, а „виолите“ само еднаш досега успеале да освојат трофеј, тоа се случило далечната 1960/61 во тогашниот Европски куп на победници на куповите.

Од друга страна, фудбалерите на Олимпијакос во домашното првенство завршија на третата позиција, така да ќе сакаат да капитализираат европски трофеј и да ја спасат не така успешната сезона.

Поттик за сениорите на Олимпијакос треба да биде тоа што младите играчи на Олимпијакос ја освоија јуниорската Лига на шампиони, откако во финалето го победија Милан со 3:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО