Фиорентина се засили со напаѓач на Јувентус

Италијанскиот напаѓач, 23-годишниот Моис Кин се пресели од Јувентус во Фиорентина, потврдија двата клуба. Кин потпиша петгодишен договор со Фиорентина, до јули 2029 година, а италијанската агенција АНСА наведува дека вредноста на трансферот е 13 милиони евра.

Кин ја мина фудбалската школа на Јувентус, но во август 2019 година се пресели во англискиот Евертон. По една сезона, Евертон го испрати на позајмица во ПСЖ, каде што исто така мина една сезона, пред да се врати во Торино.

Во Серија А дебитираше како 16-годишник, а набргу потоа го одигра и првиот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ). Во Серија А, Кин постигна 22 гола на 114 натпревари.

Најефикасен беше во француската Лига 1, каде што даде 13 гола на 26 натпревари. Најмалку голови, само два, постигна на 32-та настапи во англиската Премиер лига.

– Сега тој почнува ново поглавје, и тоа несомнено ќе биде важен чекор напред во кариерата. Среќно, Моис, се наведува во соопштение за медиумите на Јувентус

Од Фиорентина истакнуваат дека Кин и покрај неговата младост веќе има освоено три италијански „скудета“, два Купа на Италија, еден Куп на Франција и еден италијански Суперкуп.

За Италија Кин забележа 15 настапи на кои постигна четири гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО