Белами селектор на Велс во следните четири години

Крејг Белами е новиот селектор на Велс, со четири годишен договор, до 2028 година. Белами (44) го наследува поранешниот соиграч, Роберт Пејџ, кој доби отказ  во јуни.

Белами, кој е роден во Кардиф, одигра 78 натпревари и даде 19 гола за Велс, а беше и капитен на репрезентацијата меѓу 2007 и 2010 година.

Белами доскоро беше во Барнли, како вршител на должноста менаџер пред назначувањето на Скот Паркер минатата недела.

Белами беше првиот избор на Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ), во конкуренција на легендата на Арсенал, Тиери Анри, на селекторот на Грузија, Вили Сањол и изненадувачкиот кандидат, Дес Бакингем, тренерот на Оксфорд.

За Белами се вели дека импресионирал за време на разговорите со челниците на ФАВ и ќе добие шанса да го предводи Велс во квалификациите за Светското првенство (СП) 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО