Филип Лазаров: Дечки многу сте добри, очекувам победи и добри резултати

Македонската ракометна селекција ситно брои до отворање на ЕП и дуелот против Франција на стадионот во Дизелдорф.

Пред дуелот со силниот противник со поддршка се јави поранешениот наш репрезентативец и воедно брат на селекторот, Филип Лазаров.

-Дечку многу среќа на ЕП, верувајте едни во други, верувајте во вашите квалитети. Многу сте добри. Очекуваме добри резултат и победи од вас, многу среќа, порача Филип во видеото објавено до РФМ.

Дуелот Франција – Македонија на програмата е од 18:00 часот, а се очекува максимално исполнет капацитет од над 50.000 гледачи на стадионото во Дизелдорф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО