Ферари за ГН на Мајами, го смени својот „идентитет“ и се облекоа во сино – со причина

Тимот на Ферари секогаш и традиционално бил во црвената боја, но сега направија одредена промена за викендот кој следува во Мајами.

Ферари реши да отстапи од својот препознатлив стил и идентитет, така што нивните возачи и цел тим во гаражата, ќе има сина боја на униформите. Но не е случај само со нивните облеки, туку и со делови на болидот, кои ќе бидат сини, што е видлива промена.

Причина поради која Ферари реши да го промени својот идентитет, е што за ГН на Мајами одбележуваат 70 години нивна присутност во Северна Америка, па сакаа на посебен начин да го одбележат тој датум.

Претходно во својата историја, Ферари само на две трки не биле во препознатливата црвена бола. Но тоа беше од поодамна, прво во 1964 година кога се одлучиле за бела и сина нијанса, а третиот пат во црвен болид, со сини превеси.

Ќе видиме дали со ова ново руво избраниците од Ферари ќе успеат барем малку да му парираат на шампионот Макс Верстапен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО