Голем проблем за Џирона: Може да остане без пласман во ЛШ, поради својот играч?

Најголемата сензација во светот на фудбалот оваа сезона беше секако Џирона.

Клубот од Каталонија добар дел од сезоната беа на врвот од табелата и најавуваа сензационални сценарија во кои конкурираа за шампионската титула во Ла Лига, но како одминуваше сезоната, ја загубија битката противРеал Мадрид.

Џирона за викендот јаочекува дерби дуел со Барселона, а во моментот се третопласирани со 71 бод, па им останува само теоретски да го обезбедат пласманот во ЛШ.

И додека сите во Џирона чекаат нова сезона и да тргнат со настапи во најсилното фудбалско натпреварување, доаѓаат вести кои можат да им го загрозат сонот.

Имено, агентот на напаѓачот на Џирона, Украиенецот Артем Довбук, наводно затаил пари во Естонијапри трансферот во каталонскиот клуб, поради што сега Џирона може да остане без ЛШ.

Олексиј Лундовски е агентот на украинскиот репрезентативец, кој оваа година беше откупен од Џирона. Напаѓачот во моментот е најдобар стрелец во Ла Лига.

Украинскиот адвокат Евгениј Кузмин истакна дека Лундовски прикрил одредени средства во Естонија, со цел да избегне поголем данок за државата.

– Џирона го плати Артем Довбук, данокот треба да се плати во склад со украинското правосудство. Сите уплати треба да бидат извршени само на украински сметки. Во овој случај, нејасна е документацијата пренесена на естонска фирма регистрирана на име на украинскиот агент. Лундовски тогаш пријавил дека седиштето му е во Естонија, додека главното седиште му е во Украина, тврди адвокатот Кузмин.

Меѓу можните сценарија за оваа разврска кои Кузмин ги навестува се и можна елиминација на клубот од европските натпреварувања и плаќање на голема сума на пари како обештетување кон УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО