ЛЕ: Леверкузен направи голем чекор кон финалето, во Бергамо ќе се решава до последната минута

Продолжува одличниот тренд на Баер Леверкузен оваа сезона, сега и на европскиот фронт.

Баер Леверкузен синоќа однесе победа од гостувањето кај Рома на „Олимпико“ во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа, што е значаен напредок или чекор кон финалето кое го посакуваат и играчите и тренерот Алонсо.

Гостите на овој натпревар поведоа преку Флоријан Вирц во 28. минута, а во вториот дел дури ја обезбедија победата по голот на Роберт Андрих во 73. минута за огромна предност пред реваншот во Леверкузен.

„Фармацевтите“ со оваа победа направија крупен чекор кон посакуваното финале во Лига Европа, што при евентуален триумф и трофеј во финалето, тоа за нив би била сезона од соништата.

Во второто полуфинале од ЛЕ, во Марсеј истоимената екипа играше против Аталанта, а натпреварот по првите 90 минути е нерешен (1:1), па победникот или патникот во финале ќе се решава во Бергамо во реваншот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО