Рашфорд, ајде во Арсенал: Таму можат да ти го понудат она што во Јунајтед не можат

Последната сезона за Маркус Рашфорд по ниту една статистика не беше добра во Манчестер Јунајтед, па затоа често се наоѓаше под жесток притисок.

Навивачите не беа задоволни од неговите „топло-ладни“ игри и лошата форма, па често го свиркаа од трибините за неконстантноста. Тој неколкупати изрази незадоволство од таквиот третман, па како да се појави кај него одреден порив за можно заминување од клубот.

Па затоа сега, некогашниот ас на Арсенал, Бакари Сања, му даде совет на Рашфорд дека треба да го промени дресот и да се пресели во Лондон, затоа што Арсенал можел да му го понуди тоа што Јунајтед не може во моментот.

– Доколку еден Рашфорд биде дел од вака млада и талентирана екипа во Арсенал, тоа ќе биде голем чекор за „топчиите“. Рашфорд е неверојатно брз и би бил корисен во нападот. Мислам дека доколку Арсенал го обезбеди Рашфорд, тоа ќе им даде дополнителна сила во нападот, па би сакал да го видам заедно со Хесус во нападот.

– Тимот ќе има силен интензитет и хармонија. Во таборот на Арсенал и тоа како има место за Рашфорд. Тоа би бил фантастиучен трансфер и голем чекор за амбициите на клубот. Луѓето во Манчестер изминатиот период имаа сурови зборови кон него, иако тој имаше лично проблеми и мајкаму неколкупати зборуваше за тоа.

– Секој кој следи фудбал ќе каже дека Рашфорд не беше најдобар, но никој не може да го негира неговиот квалитет и потенцијал, може да биде најдобар светски играч. Рашфорд е пред се млад, сметам дека Арсенал може да му го понуди тоа што Јунајтед не успеа последните неколку сезони, во Арсенал ќе има добра хемија со Хесус во нападот, мислам дека ќе кликнат заедно, порача Бакари Сања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО