Ф1: Флавио Бријаторе имал успешна операција на срцето

Поранешниот шеф на Формула 1 (Ф!) тимот на Рено и поранешен косопственик на Квинс Парк Ренџерс (КПР), Италијанецот Флавио Бријаторе (73), имал операција на срцето за отстранување на бениген тумор во Милано. Бриаторе на Инстаграм објави дека операцијата била „совршено успешна“.

– По рутинскиот преглед, направив операција на срцето бидејќи имав бенигна маса која беше отстранета со минимална инвазивна процедура, напиша тој.

Бриаторе беше извршен директор на Бенетон кога Михаел Шумахер победи во Ф1 шампионатот во 1994 и 1995 година. Тој беше на чело на Рено и кога Фернандо Алонсо ја освои титулата во 2005 и 2006 година.

Оттогаш тој немаше официјална функција во Ф1, но беше присутен на гран-при трките во последните години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО