Артета e оптимист: Можеме да го победиме Баерн!

Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека неговиот тимот има шанса по 15 години повторно да игра во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ). Арсенал вечерва му гостува на Баерн Минхен во четвртфиналниот реванш меч, по ремито во Англија (2:2).

– Повеќето од нашите играчи немаат искуство од играње вакви дуели во Лигата на шампиони. Но, тие се супер мотивирани и самоуверени. Можеме да го победиме Баерн, рече Артета не сакајќи да потврди дали Букајо Сака и Мартин Одегард ќе бидат во стартниот состав откако се пожалија на повреди по мечот со Кристал палас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО