Дисциплинската комисија на Евролигата поведе постапка против претседателот на Панатинаикос, Дмитрис Јанакопулос, кој жестоко ги критикуваше судиите и челните лица на ова натпреварување.
Ова не e првпат Јанакопулос да влезе во вербален дуел со Евролигата, а сезонава тоа го стори во неколку наврати, по што челниците решија да покренат постапка која може да доведе до нова казна и сакнција за првиот човек на „детелинките“.
Јанакопулос со неколку видеа се обрати до судиите и ги нарекуваше „криминалци“ и „мафијаши“, а сега ќе мора да се соочи со евентуална нова казна и дисциплинска мерка против него.
На крајот на месец март беше казнет со сума од 15,000 евра, а во 2022 година му беше изречена казна во висина од дури 80.000 евра.