ЕП 2024: УЕФА ќе дозволи повеќе играчи во репрезентациите?

Европската фудбалска унија (УЕФА) размислува да дозволи  репрезентациите што ќе настапат во завршницата на Европското првенство (ЕП) летово во Германија да има 26 играчи, наместо 23 како досега. Оваа најава следува по вчерашните разговори во Дизелдорф со селекторите чии селекции се пласираа на ЕП 2024.

– УЕФА ги забележа различните мислења и гледишта. Конечната одлука ќе биде донесена во наредните недели, се вели во соопштението на УЕФА.

Таа тема беше дискутирана како дел од пошироката дводневна работилница за финалистите, по што ќе оди на разгледување до Комитетот за натпревари на националните тимови, потоа и до Извршниот комитет на УЕФА.

Во моментов, составите се ограничени на 23 играчи, што е враќање на прописите користени пред ЕП 2020. На тој турнир, беше дозволено да има по уште тројца играчи, заради потенцијалната епидемија на ковид-19 .

Крајниот рок за пријава на составите до УЕФА е на 7 јуни. ЕП 2024-та почнува на 14 јуни и ќе трае во 14 јули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО