Во тек е натпреварот помеѓу Ливерпул и Норич во ФА Купот, а фаворизираниот домаќин има предност од 3:1.
Веќе во 16. минута Џонс постигна гол за водство на својот тим на овој натпревар. Сепак, Норвич преку Гибсон успева да дојде до израмнување. Се играше во 22. минута кога постигнаа гол за 1:1.
Само шест минути подоцна Ливерпул повторно поведе, а овојпат голот го постигна Нуњез. На отворањето на вториот дел Јота постигна гол за моментално водство на Ливерпул од 3:1.
Но цел свет зборува за солзите на Јирген Клоп пред почетокот на овој натпревар на „Енфилд“.
Имено, Клоп седеше на својата клупа, а потоа на разглас беше пуштена култната песна „You’ll Never Walk Alone“.Навивачите пееја заедно, а камерите го снимија Клоп кој не издржа и пушти солза.
this is making me so nauseous you can still change your mind klopp ☹️ pic.twitter.com/XuBNd6Ii0s
— dami (@sz8bo) January 28, 2024