Четири зборови кои значат само едно – Тен Хаг избриша уште една голема ѕвезда

Во тек е натпреварот од ФА Купот помеѓу Њупорт и Манчестер Јунајтед, а гостите имаат предност од 2:0.

Маркус Рашфорд го нема во составот за овој натпревар, а сите се прашуваа зошто. Најпрво се претпоставуваше дека се работи за болест, но како што стојат работите тоа не е така.

Рашфорд пред неколку дена беше фотографиран во ноќни клубови и се чини дека тие фотографии ќе му се одбија од глава.Со оглед на тоа што го кажа Тен Хаг на прашањето зошто Рашфорд не е таму, не му оди најдобро.

-Зошто отсуствува Рашфорд? Тоа е внатрешна работа“, изјави поранешниот тренер на Ајакс и додаде – Ќе се погрижам за тоа.

Тен Хаг веќе казни некои од најголемите ѕвезди на Манчестер Јунајтед по прекршувањето на правилата. Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо беа двата најдобри примери дека Тен Хаг не ги поднесува овие работи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО