Елиминацијата на Арсенал и на Сити сериозен удар и за Премиер лигата

Елиминацијата на Арсенал и на Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) ќе и наштети и на Премиер лигата во трката за петтиот тим што би играл во ова натпреварување следната година.

Тимовите од петте најдобри лиги во Европа сезонава се обидуваат да обезбедат дополнително место во ЛШ, во новиот формат. Од следната сезона, ЛШ, за првпат по 2003/04-та, од 32 ќе се прошири на 36 тима, кои ќе играат во лига систем.

Екипите ќе одиграат осум натпревари во првата фаза, четири на домашен терен и четири на гости, а осумте најдобри ќе се пласираат во осминафиналето, додека останатите ќе играат во плеј-офот.

Дополнителни две места ќе добијат најуспешните европски лиги сезонава. По елиминацијата на Арсенал и на Манчестер сити меѓу нив нема да биде Премиер лига.

Во моментов на табелата водат Италија и Германија со оценки од 18,428, односно 17,642, додека Англија падна на третото место со 16,875. поени.

Германија има два претставника во полуфиналето на ЛШ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а Баер Леверкузен е во завршницата на Лига Европа (ЛЕ). Италија има три екипи во четвртфиналето во ЛЕ, Милан, Рома и Аталанта, а Фиорентина е во Лигата на конференции (ЛК).

Англија остана со Ливерпул и Вест хем во ЛЕ, кои ќе имаат тешка задача да се пласираат во следното коло. Единствено Астон вила има предност во ЛК. Тоа значи дека петтопласираниот Премиерлигаш на крајот од сезоната, а тоа ќе бидат Астон вила или Тотенхем, останува без настап во ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО