Многумина веруваат дека мечот Словачка – Романија ќе биде наместен, бидејки и обложувалниците даваат таков сигнал, бидејки на типот X, падна драстично квотата.
Вечерва на програмата се мечевите од групата Б, Хрватска против Италија и Шпанија против Албанија, но затоа утре ќе биде поинтересно.
Мечот Словачка – Романија за кого сите зборуваат, ќе се одигра задутре, а нерешен резултат е исход кој би им одговарал и на двете репрезентации.
Мислење дека ќе заврши натпреварот нерешено, има и екс репрезентативецот на Романија, Данут Лупу, кој истакна дека не треба да се ризикува.
– Ќе се квалификуваме, реми со Словачка, зошто да не. Се е договорено, ќе биде штета и двете репрезентации да не одат понатаму. Зошто да се ризикува, зошто да дојде до несреќа, кога се е веќе договорено, порача Лупу.
Јасно е дека овој натпревар ќе биде под лупа на фудбалските институции, бидејки многу од коментарите се сведуваат на тоа дека ова ќе биде прв наместен натпревар на ова ЕП.