Еклстоун: Заминувањето на Луис во Ферари беше шок и за мене!

Легендарниот Берни Еклстоун призна дека бил изненаден од одлуката на Луис Хамилтон да премине во Ферари. Поранешниот прв човек на Формула 1 истакна дека целата оваа приказна му изгледала многу чудна.

-Тоа беше многу, многу чуден потег. На крајот на краиштата, Тото Волф се потпре на него, тие станаа поблиски. Мислам дека никогаш немало врска во Формула 1 во која двете страни би можеле да се потпрат толку целосно една на друга. Очигледно, таква врска всушност никогаш не постоела – поради што Хамилтон решил ненадејно да си замине. Да, оваа вест беше многу големо изненадување за мене. И не разбрав зошто го направи токму тоа, вели некогашниот прв човек на Формула 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО