Егоров со А Олимписка норма – Учесник на ЛИО во Париз 2024

По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.

Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Настап на ЛОИ од Македонија имаат обезбедено Анастасија Мојсовска која ќе настапи во Париз во дисциплината спортско стрелаштво и ќе се натпреварува во дисциплината воздушна пушка 60 истрели. Настап во Франција обезбеди и теквондистката Мила Рељиќ и атлетичарот Дарио Ивановски кој ќе натсапи на маратонот во Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО