Трофејниот тренер Антонио Конте (54) од наредната сезона ќе го предводи Наполи. Конте се’ уште не го ставил својот потпис на договорот, но како што објавија италијанските медиуми договорот е постигнат.
Актуелниот тренер на Наполи, Франческо Калцона, заминува по завршувањето на сезоната. Тој со Словачка ќе учествува на ЕУРО 2024.
Сопственикот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис реши да го одврзе кесето. Конте ќе потпише договор на три сезони за годишна плата од осум милиони евра, а ќе има одврзани раце во однос на потенцијалните засилувања.
Италијанците веднаш се прашаа како Конте ќе реагира со најавеното заминување на најдобриот стрелец, Виктор Осимен.
Конте во кариерата бил шампион во Серија А, со Јувентус и Интер, и шампион во Премиер лигата со Челси.