Едвардс упорно ги одбива понудите од „Енфилд“

Раководството на фудбалскиот состав, Ливерпул, нема да се откаже од идејата да го врати поранешниот спортски директор, Мајкл Едвардс.

Тој го напушти тимот во 2022 година и оттогаш постојано одбиваше понуди да се врати и да продолжи со работа кај „црвените“. Сега екипата од „Енфилд“ планира да го направи последниот обид и да го врати бидејќи на крајот на сезоната ќе си замине сегашниот спортски директор, Јорг Шматке.

Луѓето од Ливерпул се надеваат дека ќе пронајдат квалитетен човек кој ќе го предводи новиот проект од претстојното лето и ќе му помогне на новиот менаџер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО