Еден од клучните играчи на Реал: Не знам дали ќе останам, посакувам, но..

Кошаркарот на Реал Мадрид, Еди Таварез, истакна дека се надева дека во следниот период ќе постигнат договор со „кралевите“ за негово останување.

Нешто порано месецов, шпанските медиуми јавуваа дека е постигнат конечен договор помеѓу џинот од кошаркар и Реал Мадрид, но од тоа се уште нема ништо на повидок.

Таварез по многуте шпекулации околу тоа дали ќе ги напушти редовите на актуелниот шампион на Европа, се јави и порача:

– Не е до мене, од клубот зависи. Фактот што договорот ми завршува, не ме спречи да се натпреварувам на највисоко ниво, секогаш мора да дадете максимум од својата енергија и да не се штедете. Се надевам дека конечно ќе постигнам договор со Реал и дека ќе останам во Мадрид. Ја сакам културата на градот, луѓето, моето семејство е овде, Реал е одличен тим. Никогаш не знаете што ќе се случува, но сакам да останам овде, порача Таварез.

Репрезентативецот на Зеленортските острови, во Мадрид пристигна во 2017 година, а оваа сезона имаше просек од 9,6 поени, 6,6 скокови и 1,5 асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО