Е.Пелистер по победата над Киелце на чекор до младинскиот Ф4 во Келн!

По одличниот настап на сениорската екипа на Е.Пелистер во  ракометната Лигата на шампионите, сега блескаат и младинците.

Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се на чекор до голем успех и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во првото издание на младинската Лига на шампионите.

Младинците на Еурофарм Пелистер остварија голем успех и го совладаа тимот на Кјелце со 29-37 во првиот натпревар од четвртфиналната група во „Динамо Арена“ во Букурешт.

Натпреварот мина во знакот на македонскиот претставник, кој уште на паузата имапе водство од 11-22, а во второто полувреме само рутински ја доработи задачата и извојува убедлив триумф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО