Е. Пелистер и Тиквеш ќе бидат учесници на 52. Струшки турнир

Струга ова лето ќе биде домаќин на 52. издание на традиционалниот струшки ракометен турнир, на кој овој пат ќе настапат три екипи од Македонија и три од странство. \

Домаќинот ги потврди настапите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, ГРК Тиквеш од Кавадарци, како и тимот на Струга. Овие три екипи ќе бидат домашни адути на еден од најстарите турнири во Европа. Се очекува потврда и објава на трите странски екипи кои ќе играат во Струга. Турнирот ќе се одржи од 14 до 17 август на Отвореното игралиште.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО