Екипата на КК Пелистер во пресрет на продолжение од сезоната го засили својот ростер со двајца нови интернационалци од САД. Станува збор за Џонил Фугет и Дејшон Најт.
Фухер е роден 1999 година, потекнува од Денвер Колорадо, и игра на позицијата Плејмејкер. Во својата колеџ кариера настапуваше две сезони за Вест Тексас, па направи трансфер во УЦЦС каде што во својата последна сезона 2022/23 ги одигра сите натпревари како стартер и запишуваше по 15.3 поени, 5 скокови и 3.8 асистенции, а беше и најдобар во тимот по украдени топки, со 35.
По завршувањето на колеџ кариерата, Фугет потпиша за Бугарскиот прволигаш Спартак од Плевен за кој што настапуваше во домашното првенство, и во Европската ЕНБЛ лига
За Спартак играше во просек по 22 минути и забележуваше по 13 поени со одличен процент за 3 од 38%
По заминувањето на Бернард во Словенското Првенство, празнината во ростерот ќе ја пополне друг Американски интернационалец со искуство во АБА2 лигата – Дејшон Најт
Роден е во 1991ва година во Балтимор, висок е 185цм и игра на позицијата 1.
Кариерата ја започна на колеџот Илиноис Стејт, каде што во просек играше по 30 минути и запишуваше по 14 поени, 2.3 асистенции, 1 украдена топка и 4 скокови.
Има разноврсна интернационална кариера со настапи во Турската, Новозеландската, Израелската, Бугарската и Босанската лига. Во АБА2 лигата има богато искуство со добро познатиот Босански тим Широки, па веруваме дека тоа искуство ќе го пренесе и на нашите соиграчи во борба за што подобар пласман во регионалното првенство.