Еден, единствениот, неповторлив, Арман Дуплантис! Шведскиот скокач со стап уште еднаш ја покажа својата висока класа и успеа да прескокна 6,25 метри, поставувајќи нов светски рекорд, за златен медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Nooooooooo 6.25m record record Mundial Olímpico. La leyenda de 24 años Armand Duplantis… pic.twitter.com/E5951bDHoi
— Wilson Amaya (@WilsonAmaya8) August 5, 2024
На височина од 6 метри веќе се’ беше готово, Дуплантис (24) како од шега ги прескокна, додека другите ја уриваа летвичката.
Потоа уследи спектаклот, постави светски рекорд, подобрувајќи го сопствениот рекорд, што изнесуваше 6,23 метри, поставен лани во септември. Дуплантис по деветти пат во кариерата го собори светскиот рекорд.
Во Париз прво прескокна 5,70, потоа и 5,85 метри, без проблеми. Ниту височината од 5,95, ниту 6 метри не му претставуваа проблем, бидејќи ги прескокна при првите обиди, обезбедувајќи го златниот медал.
Потоа си постави некои поголеми цели, прво го собори олимпискиот рекорд што го држеше Тијаго Браз од Бразил со 6,03 метри. Дуплантис прескокне 6,10 метри „од прва“ за ерупција на воодушевување.
Потоа реши да скоке за нов светски рекорд, на височина од 6,25 метри! Но не успеа ниту во првиот, ниту во вториот обид, а драмата растеше…
Но, ги смени патиките и во третиот пат, со неверојатниот скок го собори светскиот рекорд во дисциплината во која претходно доминираше Сергеј Бубка. Овој подвиг на „Сен Дени“ во живо го видоа дури 80.000 луѓе.
Тој прв пат го собори светскиот рекорд во февруари 2020 година, кога прескокна 6,17 метри, соборувајќи го рекордот што го држеше неговиот идол, Французинот Рено Лавиление.