Дуел на „ранетите“: Лацио во Рим го чека Јувентус, гостите некомплетни за дербито

Дербито во 30. коло од Серија А, ќе се игра во Рим, каде домаќинот Лацио го пречекува составот на Јувентус од 18 часот.

Овие две екипи освен овој дуел во Серија А, за неколку дена, односно следната недела, ќе одиграат уште еден меч, тогаш во полуфиналето од Купот на Италија, така да ова ќе им биде само загревање на двете екипи.

Лацио има јасна цел, овде мора да победи, бидејки имаат серија на четири врзани порази, а дополнително тешко им падна претходно и елиминацијата во ЛШ. По заминувањето на Сари, работите малку се смирија, но Џовани Мартушчело привремено го презема клубот.

Што се однесува до Јувентус, тие се во уште полоша форма, бидејки од јануари наваму, тие на седум натпревари освоија само шест бодови и во тој период единствено полоши екипи од нив беа само Салернитана, Сасуоло и Фросиноне, трите тима кои се наоѓаат во зона на испаѓање во Серија Б.

Јувентус за ова тешко гостување во Рим, на располагање ќе ги нема скоро сигурно Аркадиуш Милик и Душан Влаховиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО