Дали е можно ова: Мрежата го смени правецот на топчето, Димитров одреагира нестварно (ВИДЕО)

Со победата против Александар Зверев во полуфиналето во Мајами (2-1 во сетови), Григор Димитров по прв пат по ноември 2018 година се пласира меѓу десетте најдобри тенисери во светот.

Големиот успех на бугарскиот тенисер дополнително ќе му даде самодоверба во финалето каде за ривал ќе го има незгодниот Јаник Синер, но пред тоа, тој зборуваше за начинот на кој дојде до победа против Александар Зверев.

Се играше седми гем од третиот сет, Димитров имаше две брејк топки и беше блиску да дојде до одземен сервис. Мрежата во моментот, се чини го спаси Зверев по излегувањето на бугарскиот тенисер на мрежа, но тука не беше крајот…

Григор Димитров рефлексно реагираше и во слободен пад реагираше, успеа да смечува и на крајот да дојде до голем поен кој му помогна да се пласира во финалето, односно да го освои третото мастерс финале во кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО