Драматично беше вечерва во Бирмингем, каде домаќинот Астон Вила, го пречека составот на Челси, против кои одиграа 2:2.
Иако натпреварот почна самоуверено за домаќините, со почетно водство уште во четвртата минута, благодарение на автоголот од страна на Кукуреља, а пред крајот на полувремето и поведоа со 2:0 преку Роџерс, вториот дел беше резервиран за Челси.
Најпрво Мадуке успеа да намали за 2:1 во 62. минута, а во 81. минута Галагер носи изедначување на 2:2 за крајно неизвесен финиш.
Астон Вила ги бркаше бодовите на оваа средба, но не успеаја на крајот. Но токму кога сите мислеа дека натпреварот е скоро завршен, се случува драматичен пресврт и трет гол на Челси, овој пат стрелец е Дисаси, за тотален шок кај домаќините.
Но за нивна среќа, голот беше поништен поради прекршок кој го досуди ВАР системот, па така на оваа средба победник немаше.
Астон Вила со овој бод сега има вкупно 67, или 7 повеќе од петтопласираниот Тотенхем, кој има и три меча помалку, сметајки го оној против Арсенал, па доколку оствари три победи во тие три натпревари, сигурно ќе се најдат на местото на Астон Вила, кое води во Лигата на шампионите.