МЗТ Скопје играше „топло-ладно“ и на крајот потфрлија: Спартак Суботица триумфално во Скопје

Тимот на МЗТ Скопје загуби на домашен терен од составот на Спартак Суботица, на првиот меч од полуфиналето во АБА2 лигата.

Со ваков резултат, српската екипа е на чекор од финалето од плеј-офот, а МЗТ Скопје повторно покажа доста ранливост во играта на оваа средба (78:73).

Уште во првите десет минути се виде неконстантност во играта, по што МЗТ Скопје веќе имаше негатива од -8 (23:15). Во вторите 10 минути беа нешто подобри и намалија малку од негативата (35:31).

Најдобрата игра МЗТ Скопје ја покажа во третиот дел, каде беа позитивни и со плус влегоа во последните десет минути. Но токму кога требаше да се покаже цврстина во играта, МЗТ Скопје прими 26 кошеви и го загубија натпреварот.

Во редовите на МЗТ Скопје, најефикасен беше Војдан Стојановски кој реализира 20 поени, додека кај победникот, Гордиќ беше најрасположен за игра со биланс од 16 поени и 6 асистениции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО