Волчицата ја сруши Верона – деби триумф на Даниеле Де Роси

Фудбалерите на Рома ја совладаа Верона вечерва со 2:1, а тоа беше воедно и деби настап и триумф на новиот тренер на домаќините, Даниеле Де Роси.

Рома се наоѓа на 8. позиција со 32 бода, додека Верона на 18 позиија со 17 поени.

Домаќините добро го отворија мечот, уште во 19. минута преку Ромелу Лукаку, кој умешно беше проигран од Стефано Ел Шарави, за прво водство.

Само шест минути подоцна, Ел Шарави повторно се најде во улога на асистент, а мрежата ја погоди Лоренцо Пелегрини за 2:0.

Верона до крајот на средбата успеа да постигне гол во 76. минута преку Фолоруншо и да ја врати резултатската неизвесност до самиот крај, но сепак, домаќините под првото водство на Де Роси, впишаа триумф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО