(ВИДЕО) Лунин доби совет на која страна ќе шутира Ковачиќ

Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата, Манчестер сити во четвртфиналниот реванш меч во Лигата на шампиони (ЛШ). По 3:3 во Мадрид и 1:1 во Манчестер, екипите шутираа пенали по продолженијата.

Лука Модриќ не беше прецизен за Реал во првата серија, додека Бернардо Силва и Матео Ковачиќ не ги реализираа пеналите за Сити во втората и третата серија.

Херој на победата на Реал стана Украинецот, Андриј Лунин, кој одбрани неколку удари во текот на мечот, а потоа и два од белата точка.

По мечот тој изјави дека Реал вежбал пенали и дека „Лука Модриќ му помогнал со совети“ и оти „знаел каде ќе шутира Ковачиќ“. Во тоа му помогна и Антонио Ридигер кого камерите го „фатија“ токму кога Лунин го одбрани ударот на Ковачиќ.

Пред хрватскиот играч за врска да бие, на центарот на теренот Рудигер му покажува на Лунин на која страна да се фрли. Рудигер и Ковачиќ со години ја делеа соблекувалната на Челси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО