Довбик израмни рекорд на легендарниот Шевченко

Украинскиот фудбалски репрезентативец, Артем Довбик (26) стана првиот во историјата на земјата, по Андриј Шевченко. кој постигнал 15 или повеќе голови во едно од најдобрите пет европски првенства.

Легендарниот напаѓач на Милан постигна 19 гола во Серија А, во сезоната 2005/06, а Довбик, кој минатиот викенд даде два гола на мечот Жирона – Бетисвеќе, има 16 погодоци.

Довбик ја дели лидерската позиција на најдобри стрелци во Ла лига сезонава, заедно со Џуд Белингам од Реал Мадрид и со Анте Будумир од Осасуна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО