Легендарниот НБА тренер: Да не беше ограбен лани, Јокиќ ќе ја сменеше историјата

Денвер нагетс е на второто место во Западната конференција со скор 52:23, а Никола Јокиќ игра толку добро што е главен фаворит за титулата најкорисен играч (МВП) во НБА лигата, во регуларниот дел.

Јокиќ беше МВП на регуларниот дел од сезоната во 2021 и 2022 година (во 2023-та беше МВП на финалната, плеј-оф серија), а лани тоа признание го понесе Џоел Ембид, иако многу експерти тврдеа дека Србинот требаше да го добие трет пат по ред.

Еден од нив е легендарниот тренер во НБА, Џорџ Карл, кој смета дека Јокиќ мораше да биде единствениот играч во историјата со четири последователни МВП титули.

– Голема штета е што Јокиќ беше ограбен минатата година. Ако не се случеше тоа, ќе зборувавме за првиот кошаркар во историјата кој освоил четири МВП признанија по ред, напиша Карл на социјалните мрежи.

Јокиќ сезона има просек од 26,1 поен, 12,3 скока и девет асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО