Додека Халеп беше судена во Лозана, Ѓоковиќ направил еден потег кој ја воодушевил

Романската тенисерка Симон Халеп, јавно проговори за најтешкиот период во кариерата, кога против неа се водеше процес, период во кој откри дека Новак Ѓоковиќ и давал безрезервна поддршка.

Халеп успеа да го добие спорот пред Судот за спортска арбитража во Лозана и да ја врати старата слава. Казната и е намалена од четири години суспензија, на 9 месеци, што значи дека веднаш може на терен, а доби посебна порака и од турнирот во Мајами.

– Многу му се восхитувам на Ѓоковиќ, пред се поради тоа како се претставува на терен, му се восхитувам на амбицијата која ја има, тој е посебен човек. Не го познавам лично, но работи се што може за да биде најдобар.

– Можам да кажам дека постојано ми прашање пораки со поддршка пред судењето. Почитувам многу такви колеги. Исто така пораки во знак на поддршка ми испратија уште и Барти, Кербер, Квитова, не дека ми се големи пријатели, тие ми се ривалки, но среќна сум што во тој момент ме поддржуваа, порача Симона Халеп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО