Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Сплит што се игра за награден фонд од 60.000 долари.Во првото коло таа ја совлада Германката, Настасја Шунк со 2:0, во сетови 6:2 и 6:3, во мечот што траеше 64 минути.
Во второто коло Ѓорческа денеска ќе игра против петтата носителка, Вероника Ерјавец од Словенија која во првото коло ја победи квалификантката, Џесика Малечкова од Чешка, со идентични 6:2, 6:3.
Ерјавец се наоѓа на 184. место на ВТА листата, а досега со Ѓорческа има одиграно два меча, со по една победа и пораз. Ѓорческа победи во 2021-та, во Врњачка Бања, а Ерјавец, во Капошвар, 2019 година.