Куп на Германија: Второлигашот го елиминира третолигашот и се пласира во финалето

Второлигашот Кајзерслаутерн го совлада третолигашот Сарбрикен во полуфиналето од Купот на Германија со 2:0 и во финалето, на 25 мај, ќе игра подобриот од вечерашниот втор полуфинален дуел меѓу лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.

Со овој пораз заврши „бајката“ за аутсајдерот Сарбрикен кој имаше фантастична серија куп мечеви сезонава, елиминирајќи до полуфиналето три великани, Баерн Минхен, Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт .

Кајзерслаутерн кој сезонава се бори за опстанок во втората Бундеслига (трет е отпозади), за прв пат по 21 година ќе игра во финалето на германскиот куп. Последното финале, во 2003 година, го загуби од Баерн Минхен, а претходно двапати го освојуваше куп трофејот, во 1990 и во 1996 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО