Голманот на репрезентацијата на Македонија, Столе Димитриевски (30), го парафираше двегодишниот договор со шпанската Валенсија. Тој во првиот контакт со медиумите нагласи дека доаѓа во клуб со голема традиција.
– Она што најмногу ме импресионира на прв поглед, е стадионот „Месталја“, им изјави Димитриевски на новинарите при пристигнувањето.