Џон Стоун потешко се повреди

Англискиот фудбалски репрезентативец Џон Стоунс се повреди на мечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и ќе одсуствува подолго време од фудбалските терени.

– Стоунс е повреден, тешко. Ќе знаеме во наредните денови дали му треба операција или не… Да, тоа е долг период на отсуство, исто како Ману Аканџи, го цитира Гвардиола ESPN.

30-годишниот Англичанец оваа сезона настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и забележа две асистенции.

Неизвесен за утрешното дерби со Ливерпул е и напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО