Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Филип Деспотовски е нов тренер на второлигашот Кожуф. Веста ја потврдија денеска од клубот.
Гевгеличани на сотанокот на Управниот одбор ја прифатлие оставката на досегашниот тренер Трајче Сенев и го назначија Деспотовски за негов наследник. Деспотовски доаѓа во Кожуф од екипата на Тетекс.
Деспотовски во својата тренерска кариера беше асистент во неколку клубови од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, а исто така беше и тренер во фудбалската школа на ФК Вардар.