Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, вели дека претстојниот дуел со Баерн Минхен е одлична можност за тимот да одговори на разочарувањето што го претрпеа со Астон Вила во неделата.
„Топчиите“ загубија со 2:0 на домашен терен од гостите од Бирмингем и сега заостануваат два бода зад лидерот Манчестер Сити на само шест кола до крајот на англиската Премиер лига. Победата ќе го оставеше Арсенал сам на врвот и ќе помогнеше да се обезбеди првата титула по 20 години.
Сепак, во новонастанатата ситуација пореално се чини дека Арсенал ќе цели кон трофејот во Лигата на шампионите. По првиот четвртфинален натпревар со Баерн во Лондон, резултатот е 2:2. “Ова е совршена можност да покажеме реакција. Ни треба во среда навечер бидејќи е одлична можност да покажеме карактер и лидерски квалитети. Мораме да ја искористиме оваа шанса и да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Нема време да размислуваме за тоа што се случи против Астон Вила. Така е во фудбалот” изјави Деклан рајс.