Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија обезбеди опстанок во третата евроафриканска зона

Македонската Дејвис-Куп репрезентација забележа победа над Косово со 2:0 во мечот за опстанок во Третата евроафриканска зона, кој се игра во Улцињ (Црна Гора).

Македонија стигна до потребните два поена откако Берк Бугариќ и Шендрит Деари славеа против своите ривали, Мал Агуши и Јасин Јакупи. Бугариќ славеше со 2:0 (6:2 и 6:1), додека Деари славеше со 2:1, по сетови 6:4, 1:6 и 6:3.

Со оглед на резултатот (2:0) во поени, дуел во двојки нема да се одигра, а Македонија и во иднина ќе се натпреварува во Третата евроафриканска зона на Дејвис-Купот.На мечевите во Улцињ Македонија забележа две победи над Словенија 2-1 и против Косово со 2-0, додека поразот од Црна Гора во првиот меч од 0-3 ја спречи нашата репрезентација да се бори за пласман во повисок ранг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО