Дејан Савиќ е новиот ватерполо селектор на Црна Гора

Дејан Савиќ, легендарниот ватерполист, а потоа и исто толку успешен тренер/селектор, е новиот селектор на ватерполо репрезентацијата на Црна Гора.

Информацијата ја потврдија ватерполо сојузот на Црна Гора (ВСЦГ) и самиот Савиќ, некогаш српски репрезентативец, а потоа исто толку успешен селектор. Тој, меѓу другото, со Србија освои златен медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз годинава

– Савиќ е обврзан со договор со клуб од Саудиска Арабија, а по нашите разговори веднаш ги извести клупските челници дека има голема желба да ја преземе репрезентацијата на Црна Гора.

Поради коректна соработка беше договорено и прифатено Савиќ да биде ангажиран во клубот и во нашата селекција до јуни, а целосната соработка да почне од јуни следната година па до крајот на олимпискиот циклус, соопштија од ВСЦГ.

– За мене поканата од Црна Гора, пред се’, е чест, која ја доживувам како одлична можност заеднички да постигнеме значајни резултати. Долги години бевме големи спортски ривали, но во истовреме и пријатели.

Затоа доаѓањето во Црна Гора е како да доаѓам меѓу пријатели. Токму поради ова, за мене овој предизвик ќе биде посебно задоволство, но и голема одговорност на која целосно ќе се посветам, изјави Савиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО