Дефинитивно ќе има трка: Мбапе против најбрзиот тркач на планетава!

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе, многумина го сметаат за најбрзиот фудбалер во денешно време на терените, а неговата брзина сега ќе биде тестирана со еден од најславните спринтери во историјата, против Јусеин Болт.

Најбрзиот човек во светот му упати предизвик на Килиан Мбапе да си ја тестираат брзината, а овој без проблем му прифати.

Светскиот рекордер на 100 метри, 37 годишниот Болт најави дека трката ќе биде интересна и дека за цел ќе има да докаже дека е навистина најбрз. Болт светскиот рекорд на 100 метри го постави во Берлин 2009 година, а метрите ги претрча за 9,58 секунди.

– Сите се будевме своевремено рано наутро да ги следиме неговите трки, му се восхитувавме. Не дека очекувам победа, но зошто добро да не се забавуваме, порача Килиан Мбапе за претстојата трка.

Тој никогаш нема трчано трка на 100 метри, но на меч против Реал Сосиедад, брзината му беше измерена на 100 метри од 10,91 секунди.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО