Де Роси го менува Мурињо, се чека официјалната потврда

Повеќе италијански медиуми ја пренесуваат веста дека е постигнат договор меѓу Рома и Даниеле Де Роси, тој да го наследи Жозе Мурињо на тренерската клупа на „волчицата“.

„Недостига само официјалното известување, зделката е затворена“, тврди „Ла Газета дело спорт“ за враќањето на Де Роси во Рома. Инаку, Де Роси во тренерската кариера работел само во нисколигашот СПАЛ и забележал три победи на 17-те натпревари.

Од Де Роси (40), по Франческо Тоти најголемата играчка ѕвезда на Рома во последните неколку децении, се очекува да го „разбуди“ римскиот тим.

Де Роси го носеше дресот на Рома од 2001 до 2019 година. Кон крајот на кариерата кратко настапуваше за аргентинската Бока јуниорс.

Вкупно за Рома одигра 616 меча, а за италијанската репрезентација 117. Тој беше член на селекцијата на „азурите“ која во 2006 година во Германија стана светски шампион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО