Де Брујне ќе остане во Наполи

Според белгиските медиуми, Кевин Де Брујне и неговото семејство одлучиле да останат во Наполи барем уште една сезона, и покрај интересот од клубовите од МЛС лигата.
De
Досега се веруваше дека искусниот играч од средниот ред ќе сака да го напушти клубот ова лето, бидејќи неговата прва сезона во Серија А беше обележана со сериозна повреда, но и големо незадоволство од тактиката на тогашниот тренер Антонио Конте.

По доаѓањето на Масимилијано Алегри, чиј стил на игра е можеби дури и подефанзивен од оној на Конте, изгледаше логично да се очекува Де Брујне да бара нов предизвик.

Сепак, според последните информации, белгискиот репрезентативец одлучи да остане во Неапол и да ја продолжи својата авантура во дресот на италијанскиот шампион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО