Дарвин Нуњез „станува светска класа“

Гијем Балаге, шпанскиот фудбалски новинар кој работи за повеќе европски медиуми, вели дека напаѓачот на Ливерпул, Уругваецот Дарвин Нуњез сега изгледа како „комплетен напаѓач“ во споредба со времето кога беше во Бенфика.

Нуњез, кој дојде во Ливерпул во јуни 2022 година, постигна 34 гола на 41 настап во последна сезона за Бенфика, во португалската Примеира.

– Тој сега делува многу подобро. Тој беше играч на кого му недостигаше последниот допир со топката, но сега во него гледате комплетен напаѓач. Луѓето се фокусираа на неговата, наводна, неквалитетна завршница, не сфаќајќи дека секогаш кога ќе направеше грешка, тој само продолжуваше напред. Неговиот менталитет беше игнориран, изјави Балаге.

Откако им се приклучи на „црвените“, Нуњез постигна 19 гола на 54 натпревари во Премиер лигата, 10 од нив сезонава.

Нуњез веќе постигна четири гола во Лига Европа (ЛЕ) од кои два синоќа против Спарта Прага. Со тоа тој стана вториот Уругваец што бил инволвиран при постигнување над 10 гола во ова натпреварување (девет гола, две асистенции), по Единсон Кавани (22, 18 гола и четири асистенции) .

– Тој станува играч од светска класа. Му верувам на Клоп кога вели дека не знае колкав е неговиот целосен потенцијал затоа што изгледа дека сè уште може да се подобри. Нуњез знаеше дека е на ова ниво и затоа замина во Ливерпул, истакнува Балаге.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО