Дани Карвахал повторно се повреди

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, заработи скршеница на малата коска на десното стапало и ќе паузира околу две недели, соопшти клубот.

Поради повредата, десниот бек ќе пропушти неколку натпревари во првенството, меѓу кои и дербито против Барселона.

Се очекува Карвахал да се врати за последното коло од сезоната, кога Реал ќе го пречека Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанските медиуми, токму тој натпревар би можел да биде негов последен во дресот на клубот, со оглед на тоа што неговиот договор истекува следниот месец и сè уште не е продолжен.
Иднината на искусниот дефанзивец е неизвесна и поради честите повреди во последните две сезони, поради кои значително го намали бројот на настапи. Во тековната сезона тој беше стартер на само осум натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО