Селекторот, Златко Далиќ, кој ја предводи Хрватска на Европското фудбалско првенство во Германија, вели дека настапите и успесите на „коцкестите“ се доказ дека и „малите“ фудбалски земји може да бидат успешни.
– Тоа што го постигнува Хрватска е прекрасно. Се натпреваруваме со најсилните играчи во светскиот фудбал. Ние сме доказ дека една мала земја може многу да постигне – изјави Далиќ за официјалниот веб-портал на УЕФА.
Хрватите на Мудиналот во 2018 година беа втори а на собирот во Катар во 2022 година дојдоа до третото место на пиедесталот.