Првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф, реши да се огласи по повод лавината реакции и шпекулации во кои беше замешан возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој наводно бил подготвен за шокантен трансфер во Мерцедес.
Минатиот викенд во Бахреин, таткото на Макс Верстапен, Јос, во две ситуации беше уловен од медиумите на мала, тајна средба со Тото Волф околу гаражите на тимовите, а токму тоа нешто даде погонско гориво за шпекулациите кои произлегоа за можен трансфер на шампионот.
Тото Волф реши да искоментира барем нешто и да даде правец во кој ќе оди целата приказна со Верстапен.
– Трансфер пазарот е доста интересен во моментов, но за еден квалитетен возач е да биде во тим кој му нуди брзина со која би бил најбрз на патеките, а во овој момент Макс нема причина да го напушти Ред Бул, или барем во некоја блиска иднина. Но, ќе видиме што ќе се случува, порача Тото Волф.
Откако беше обзнанено дека Луис Хамилтон од идната сезона се сели во Ферари, тргнаа и шпекулациите дека токму трикратниот Ф1 шампион Верстапен, може да биде замена за Британецот во Мерцедес.